За Скопје

Скопје главниот град на Р. Македонија ја негува својата автентичност и претставува административно – политички, стопански, културен и образовно – научен центар.
Суштински центарот на градот е поделен на два дела, тој стариот и тој новиот, од страна на Камениот мост кој се наоѓа над течението на реката Вардар и е врска меѓу стариот и новиот дел на градот.
Импозантно здание е тврдината Кале која нуди незаборавен поглед на градот и се наоѓа во непосредна близина на Старата чаршија.
Старата чаршија, пак, е посебна приказна во која се испреплетени бројни култури, традиции и мириси. Низ автентичната калдрма до ден денешен опстојуваат старите занаетчиски работилници, кои го оживуваат духот од дамнешни времиња.
Звукот на народната песна, носиите, традиционалните обувки-опинците, мирисот и вкусот на ориентални специјалитети, се само дел од она што го нуди ова место. Но, чаршијата е дом и на многубројни установи како цркви, џамии, галерии, па и музеи во кои колективно почива македонското, албанското и турското минато, зедно со историјата на останатите култури.
Преминувајќи го Камениот мост гледаме едно модерно Скопје, каде има ресторани, хотели, многу забава, и сѐ она што го прави Скопје – Скопје.
Оние кои сакаат да уживаат во „мајка природа“, кањонот Матка е едно од скриените скопски богатства, кој обезбедува релаксирачи и адреналински козји патеки, шармантни пејзажи и огромен број на подводни пештери, украсени со сталактити и сталагмити стари илјадници години.
Во Скопје, секој чекор е ново истражување и секое ќоше чува ново откритие.

ЛИНКОВИ ЗА СМЕСТУВАЊЕ